Шпанија ги одреди премиите: За титулата на ЕП секој играч ќе добие по 400.000 евра!

696

Интересно. Кој ќе игра за селекцијата на Шпанија на ова ЕУРО сеуште не се знае, но се знаат премиите во случај “фуријата“ да ја освои титулата. Па така во случај репрезентацијата на Шпанија на 11 јули на Вембли во Лондон, успее да го освои пехарот тогаш секој играч ќе добие по 400.000 евра.

Оваа сума е многу поголема од оние премии кога шпанците ги имаа кога беа прваци на Европа во 2008 и 2012 година. Тогаш играчите земаа по 214.00 и 300.000 евра.

Сепак сумата од 400.000 евра е помала во однос на онаа од 2010 на СП во Јужна Африка. Тогаш Шпанија беше светски првак а премијата изнесуваше по 600.000 по човек.

ПретходноБалкан експрес: За СПОРТМЕДИА коментираат познати новинари од регионот!
СледноМијатовиќ: Со сето срце ќе навивам за Македонија