Босна и Херцеговина нема да учествува на ЕП. Повторно не успеавме. Деновите на гордост и слава за нас беа на Мундијалот во Бразил 2014 година. Од тогаш, и пред тоа, сите големи фудбалски натпреварувања ги гледавме на ТВ екраните. И покрај бројните “ѕвезди“?! За жал.
Во мојата земја дел од граѓаните во наредните денови ќе навиваат за една соседна земја. Традиционално. Со среќа нека им е. Да го повторат успехот од Русија.
Елем, овој пат јас и многумина мои сонародници ќе имаме “резервна татковина“. Вистина, не делиме државна граница, но сме близу и сме блиски, со скоро идентичен менталитет и со готово исти проблеми. И поради тоа стотина илјади луѓе од Уна до Дрина, од Сава до Јадранско море на УЕФА ЕУРО 2020 вистински и со цело срце ќе навиваат за МАКЕДОНИЈА.
За народот и земјата која ја сакам јас, но и цела БиХ.
Така, без пардон. Без комплекс на помала вредност. Со респект кон противникот, но спортски и дрско. Одважно. Единствено. Храбро.
Нема причина да стравувате од Австрија, Украина па ни од Холандија. Тимски, компактно и со борбена игра (Grande) Pandev & Co. можете да им парирате. И да направите изненадување. Со малку среќа, да се пласирате во вториот круг.
“Македонци наглас запејте, македонско оро играјте, мајка мила спомнете ја, жива била Македонија“.
НАПРЕД БИСЕР БАЛКАНСКИ!