Од вечерва централен настан во Европа е ЕУРО 2020. Месец дена тоа ќе биде фудбалско уживање, а како што е познато на ова ЕП ќе учествува и Македонија. Од регионот, односно од Балканот, само нашата репрезентацијата и хрватската ќе играат на ЕП.
СПОРТМЕДИА воведе рубрика “Балкан експрес“ во која специјално за вас драги читатели настаните од ЕУРО 2020 ќе ги коментираат познати спортски новинари од Балканот, секако и дека ќе навиваат за Македонија со оглед на тоа што нивните репрезентации останаа дома.
Бакир Тиро од агенцијата Анадолија (БиХ), Андреј Миљковиќ од Екипа СН (Словенија) и Небојша Петровиќ од СОС каналот (Србија) со свои видувања, анализи, коментари и поддршка за Македонија, се тројцата новинари чии текстови од еден поинаков агол ќе може да ги читате на нашиот портал.
Веруваме дека ќе уживате.