Гостивар почна со градењето на тимот за следната сезона. Откако челниците на клубот ја продолжија соработката со Александар Јончевски на уште една година, целосно се свртија кон играчкиот кадар.
Во средот на гостиварската гордост ќе ги гледаме браќата Ренато и Роберт Димитриевски, Александар Костоски, Марјан Јанески и Александар Тодоровиќ. Според најавите од клубот ќе бидат потпишани уште неколку домашни кошаркари, а во сениорскиот тим ќе бидат прекомандувани неколку играчи од младинскиот погон.