Мијатовиќ: Со сето срце ќе навивам за Македонија

3098

Легендарниот фудбалер, Предраг Мијатовиќ ќе биде еден од фановите на македонската фудбалска репрезентација на ЕУРО 2020. Тој во интервју за српски „блиц.рс“ најави дека ќе навива за Македонија, но и за Хрватска. На „коцкестите“ им посакува да го повторат успехот од Мудијалот кога беа вицепрваци.

„Не би рекол дека ќе бидам нечиј навивач, но би сакал Хрватска да го повтори успехот од Светското првенство на кое беше вицепрвак. Секако со сето срце ќе бидам за Македонија, чиј селектор Ангеловски, кој е мој пријател. Многу ми е драго што со својата екипа дојде до историски успех“, изјави Мијатовиќ.

ПретходноШпанија ги одреди премиите: За титулата на ЕП секој играч ќе добие по 400.000 евра!
СледноЖорди Бартомеу сменет после 20 години