Познат е Ол-стар тимот, еден играч нема да биде на теренот во Келн

191

Традиционално пред почетокот на фајнл-фор завршницата во Келн ЕХФ го прогласува Ол-стар тимот. Во него се најдоа дури четворица играчи на Барселона, еден од нив е екс-вардарецот, Лука Циндриќ.

Има и еден ракометар кој нема да биде на теренот во „Ланксес Арена“. Станува збор за Никлас Ландин, чуварот на мрежата на Кил. Тој заедно со Хансен добиле најмногу гласови.

Тренер на Ол-стар тимот е Алберто Ентрериос, стратегот на Нант.


На Ф4 во Келн, Македонија ќе има свој претставник, станува збор за Кирил Лазаров, со неговиот Нант во полуфиналето ќе ги одмерат силите против Барселона, во втората двојка ќе се сретнат ПСЖ и Алборг.

ПретходноБутел Скопје го задржа Јевтиќ
СледноТричковски: Уживме во овие моменти со голема доза на одговорност, знаеме што значи ЕП за нашата земја!