Фудбалерот на Џенова, Маноло Портанова, наводно е во домашен притвор поради обвинение за учество во групно силување. 21-годишниот играч за врска е син на поранешниот дефанзивец на Болоња, Џенова и Наполи, Даниеле Портанова.
Според вестите од Апенините, Маноло Портанова е еден од тројца мажи во домашен притвор по наводите за силување од 22-годишна девојка. Наводниот инцидент се случил на домашна забава во Сиена, додека Портанова бил уапсен на одмор во Месина.