Дупјачанец уште две години во Автокоманда, Петров се врати во Металург

303

Екипата на Металург продолжува со создавање на тимот за новата сезона во која одново ќе има европски обврски. Откако раководството на клубот ја продолжи соработката со Златко Хорват и стратегот Иван Марковски, а ги донесе и близнаците Њокас, денеска завери две имиња.

На голот на тимот од Автокоманда останува Даниел Дупјачанец. Капитенот поптиша две годишна соработка, тој во Металург дојде во 2019 година.

Повратиник во редовите на Металург е Костадин Петров, кој се враќа по три сезони. Играше по една година во шпанската Гвадалахара и во романската Сучеава. Тој заедно Милан Лазаревски и Андреј Митиќ ќе биде задолжен за пивотменската позиција. И тој потпиша двегодишен договор.

ПретходноМакедонското МНР со реакција по повод барањето на Грција за дресот на Македонија!
СледноЕУРО – група А: Велс против Швајцарија, не е само Бејл…