ЕУРО – група А: Велс против Швајцарија, не е само Бејл…

573

Денеска на ЕП ќе се одиграат три натпревари. Првиот на програмата е во 15 часот и тоа меѓу Велс и Швајцарија, меч кој се игра во Баку и е од групата А. Вчера во првиот меч од оваа група Италија во Рим ја декласираше Турција со 3:0.

Ова е можност и за Велс и за Швајцарија да си обезбедат по некој бод, ако се знае дека допрва ги чека дуел со силната чета на Роберто Манчини.

Велс го има Герет Бејл, но не е само тој опасност по голот на противниците. Реално Велс е фаворит на хартија во однос на Швајцарија.

За денешниот меч Герет Бејл истакна…

Сакаме да победиме, сакаме со три бода да го стартуваме ова ЕП. Мораме да бидеме сконцентрирани, се надевам дека имаме доволно квалитет да славиме против Швајцарија“ изјави капитенот на Велшаните.

Владимир Петковиќ, селекторот на репрезентацијата на Швајцарија со респект говори за денешниот ривал.

Против себе имаме тежок противник.Велс е компактна екипа, имаат квалитет, па на минатото ЕП стигнаа до полуфиналето. Сепак сметам дека ние сме подготвени да го дадеме својот максимум“ изјави Петковиќ.

ПретходноДупјачанец уште две години во Автокоманда, Петров се врати во Металург
СледноБукурешт обоен во „црвено-жолто“ (ФОТО)