Македонската фудбалска репрезентација утре го првиот историски меч на ЕУРО 2020. Селекторот, Игор Ангеловски и неговите момци за противник ја имаат селекцијата на Австрија.
Од Букурешт на ден пред ЕП доаѓаат убави вести. Македонската ескпедиција ги доби резултатите од Ковид-19, сите се негативни. Ова е последен тест пред утрешната средба против Австрија.
Покрај дуелот со Австрија, Македонија на 17. ќе игра против Украина, исто во Букурешт, додека четири дена подоцна во Амстердам ќе ги одмери силите со Холандија во последниот меч од групната фаза.