Селекторот Игор Ангеловски на ден пред самиот старт на Европскиот шампионат за нас и мечот со Австрија утре од 18 00 часот, смета дека нас не ни пречи што сите не сметаат за аутсајдери, се додека ние веруваме во нашите сили и капацитет. Уште еднаш ја искористи приликата да му се заблагодари на нашиот капитен, Горан Пандев кој според Ангеловски е најзаслужниот што сме тука каде што сме во моментов. Дел од ЕУРО.
„Секако дека сме емотивни сите во моментов. Ете, јас лично ја користам и оваа прилика да му се заблагодарам на Горан Пандев и на овие момци што го направија овој успех, и што не доведоа во ситуација да сме дел од ЕУРО. Ова е голем успех со кој треба да се гордееме, но и кој може да биде надограден“ – вели Ангеловски па додава.
„Знаеме дека сите не сметаат за аутсајдери но тоа не ни пречи напротив. Не мотивира. Подготвени сме максимално, работевме добро на подготовките, и верувајте утре влегуваме со 100% од силите“ – изјави нашиот селектор.