Австрија не тренира, „се отвори небото“ во Букурешт (ВИДЕО)

654

Иако во овие моменти требаше да се одржи тренингот на репрезентацијата на Австрија, сепак, истиот барем засега е одложен. Временските услови во Букурешт во моментов не го дозволуваат тоа. Дожд буквално „се истури“ во реонот каде што е националниот стадион во главниот град на Романија, и Австријците се повлекова во соблекувална.

До кога ќе биде вака, и дали откако дождот ќе престане нашиот утрешен противник ќе се појави на терен ќе видиме наскоро.

Само како информација, нашиот национален тим треба да се појави на тренинг попладне, околу 18:30 часот, на истиот стадион. Да се надеваме дека догогаш се ќе биде во ред со теренот и Македонија ќе може да го одработи планираното за денеска.

 

ПретходноЕУРО – група Б: Данска – Финска, северно дерби среде Копенхаген!
СледноТренингот на Македонија одложен за еден час