Репрезентацијата на Белгија запиша три бода на стартот на Европското првенство. Еден од фаворитите за европската титула славеше вечерва над Русија во Санкт Петербург со 3:0 со два гола во првото полувреме и еден во финишот на мечот.
Мечот го отвори Ромелу Лукаку кој ја затресе мрежата на Русите и го посвети погодокот на својот соиграч од Интер, данскиот интернационалец Кристијан Ериксен. Само неколку минути подоцна Кастањ поради повреда на главата го напушти мечот, а влезе Тома Мение кој во 34. минута постигна гол за 2:0.
Во финишот на мечот Лукаку даде уште еден гол и ја заокружи победата на својот тим од 3:0.
Инаку ова е седмо соочување помеѓу Белгија и Русија, а рускиот национален тим нема победа над „Црвените ѓаволи“ (од распадот на СССР).
Скорот им е шест порази и едно реми.