Букурешт обоен во „црвено-жолто“ (ФОТО)

1983

Уште еден ден останува до првиот меч на македонската фудбалска репрезентација на ЕУРО 2020. Букурешт ќе биде нашата „базата“ во следните шест денови, а романскиот град полека го добива главниот европски шмек.

Од денеска „црвено-жолтата“ боја ја има насекаде, македонските фанови пристугнуваат во Букурешт, „наоружани“ со сите можни реквизити дојдоа да ги бодрат Горан Пандев и останатите момци.

Еуфоријата почна, на секој агол може да се почувствува големиот настан. За Македонија веќе се зборува на големо, дури и самите граѓани на овој град ја препознаваат „Фалангата“.

Изненадувањето не дочека пред официјалната фан-зона на УЕФА, по само краток разговор со лицата задолжени за продажба на дресови и слични реквизити, веднаш посакаа да направат фотографија како најава за утрешниот меч.

Денеска за Букурешт ќе пристигнат два авиони од Скопје, а голем дел од оние кои добија билети со автомобили тргнаа кон Романија.

ПретходноЕУРО – група А: Велс против Швајцарија, не е само Бејл…
СледноТурски фан беше хит на Олимпико! (ФОТО)