Ванчо Мицевски со внукот Матео Спировски во чартерот за Букурешт!

2314

Ванчо Мицевски, некогашниот репрезентативец и член на првата генерација на Македонија која играше во Крањ пред 28 години е во чартерот за Букурешт. Познато е дека тој е татко на сопругата на Стефан Спировски, па така заедно со него е и малиот Матео, синот на нашиот репрезентативец.

Ванчо и Матео патуваат да му дадат поддршка на својот зет и татко Стефан во Букурешт.

Секако дека сум радосен. Овие моменти ги чекаме цели 28 години. Не можев ни да замислам тогаш во Крањ дека толку ќе трае сонот за учество на Македонија на големо натпрерување. Еве конечно се оствари. Патуваме со Матео да и дадеме поддршка на нашата репрезентација и се разбира посебна поддршка за Стефан“ изјави Ванчо Мицевски кој во својата репрезентативна кариера на 10 мечеви постигна и 4 голови.

Ванчо на патот кон Букурешт е во друштво со Марија, сопругата на Кире Ристевски и ќеркичката Лара.

ПретходноПандев ќе ја има поддршката од своите најмили! (ФОТО)
СледноМуамед Сејдини: Самоуверена, моќна, храбра, оптимистична – ваква Македонија сакаме! Момци, со среќа!