Георге Хаџи: Горди сме на Бобан Николов, тој е одличен фудбалер и прекрасно момче!

1401

Георге Хаџи и икона на романскиот фудбал. Најдобриот во историјата на таа земја. Затоа секогаш кога ќе каже нешто неговиот збор се уважува. Па така деновиве медиумите во таа земја го прашуваат за ЕУРО 2020, за Македонија, секако и за Бобан Николов. Да потсетиме Македонија на ЕП два меча ќе игра во Букурешт.

Штипјанецот кој своите фудбалски чекори како дете ги правеше во неговата Академија, а потоа играше и за Виторул.

Нашиот репрезентативец во повеќе наврати истакнувал дека Хаџи е неговиот “втор“ татко.

Горди сме на Бобан Николов, што еве ќе игра за својата репрезентација на ЕП. Задоволни сме од сработеното. Тој е одличен фудбалер и прекрасно момче. Како мал го напушти својот дом, своето семејство и дојде кај нас во Романија. Сега е играч за врска, технички добро поткован, реков задоволни сме од сработеното со него“, изјави Георге Хаџи.

ПретходноМартин ќе го бодри својот брат Дарко: Со сето срце да навиваме за Македонија!
СледноМакедонското МНР со реакција по повод барањето на Грција за дресот на Македонија!