За многумина фудбалери ова Европско првенство ќе биде последно во нивната кариера, со оглед на нивните години. Еден од нив е Горан Пандев, капитенот на нашата најдобра репрезентација и вчера од Букурешт најави дека можеби ова ќе бидат последните мечеви во „црвено-жолтиот“ дрес.
Британски „The Sun“ го скоцка најсилниот тим на фудбалери за кои ова ќе биде последен турнир, а во него се најде и Горан Пандев. Нашиот капитен е во друштво со Кристијано Роналдо и Мертенс, кои дефинитивно се лидери во своите редови. За разлика од нив двајца, Пандев на крајот на својата кариера успеа да обезбеди пласман со националниот тим на едно големо натпреварување.
Погледнете го изборот на „Сан“.
Ronaldo and Modric among veterans for which Euro 2020 could be last shot at glory with some retirements confirmed – https://t.co/4dnjExCiMd pic.twitter.com/BuiqpHAUgp
— Celebrity Detective (@celeb_detective) June 11, 2021