Коментаторот на Спортмедиа за ова ЕП, Ѓорѓи Христов поранешен репрезентативец и големо име во нак – фудбалот е во Букурешт заедно со своето семејство, со синовите Доротеј и Михаел.
Тој пред хотелот “Хилтон гарден Ин“ во Букурешт, покрај од македонските беше “нападнат“ и од австриските медиуми за кои даваше изјави во пресрет на утрешниот меч меѓу Македонија и Австрија.
“Ова е голем успех, ние го живееме сонот, затоа и дојдов тука во Букурешт заедно со семејството. Едноставно сакам да бидам дела од историјата на нашиот репрезентативен фудбал. Веруваме во овие момци, верувам во нивна добра игра и добар резултат“, изјави Христов за СПОРТМЕДИА.