Лазаров пред Барселона: Веруваме во чуда!

743

✍️ Марија Ковачева 

Покрај македонската фудбалска репрезентација и настапот на ЕУРО 2020, овој викенд во центарот на вниманието е Кирил Лазаров. Предводникот на ракометниот национален тим и капитен, со својот Нант ќе се обидат да стигнат до круната во Лигата на шампионите.

Келн ќе го даде името на новиот првак, во полуфиналето Лазаров и неговиот тим ќе играат против Барселона, мечот со игра денеска со почеток во 18 часот.

Патот до фајнл-фор завршницата за Нант не беше лесен. Францускиот тим мораше да ги мине Келце и Веспрем за да го завери вториот билет во Келн.

„Имавме турбулетна сезона. Губевме од противници со слаб квалитет и победувавме противници што се поквалитетни од нас. Групната фаза ја завршивме на шестото место, дури едно време „висевме“ и за пласман во 1/8 финалето. Во првенството не ни одеше најдобро загубивме многу бодови, кои што однапред ни беа впишани. Нашите најдобри натпревари беа против Келце и Веспрем. Екипата доби на самодоверба и сега е многу полесно. Многу луѓе ме прашуваат како ја истемпиравме формата, мојот одговор е дека темпирањето на форма не постои, туку формата е истемпирана доколку имаше чиста глава и мисла“, вели Лазаров за СПОРТМЕДИА.

Според македонската гол-машин за кого ова е седми фајнл-фор во ЛШ, најважна е вербата, само така може да се остварат поставените цели.

„Пред 1/4 финалето прес-конференција изјавив дека не сме аутсајдери и дека доколку така се поставиме и сожалуваме нема што да бараме против Веспрем. Вистинска верба за победа е важен фактор за остварување на целите. Важно е што мислиме, а не што презентираме“.

За Барселона не треба да се издовојуваат премногу зборови. Може ли Нант до финале?

„Осеќам дека екипата верува овие денови. Барселона во последните две години игра ултра брз и модерен ракомет. Ќе ни треба спортска среќа за чудо. Веруваме во чуда“.

Лазаров е еден од оние играчи кои во Лигата на шампиони и на фајнл-фор завршниците има посебно место. Со 65 гола е прв стрелец на Ф4, тој веќе долго време е на врвот на листата со најмногу погодоци во елитното натпреварување, има 1.479. Во Келн доаѓа како светски уникат, тој е првиот селектор на еден национален тим кој како играч ќе се бори за титулата во ЛШ.

Пред дуелот меѓу Нант и Барселона, силите ќе ги одмерат ПСЖ и Алборг.

ПретходноЈокиќ и Денвер пред „метла“ (ВИДЕО)
СледноПандев ќе ја има поддршката од своите најмили! (ФОТО)