Мартин ќе го бодри својот брат Дарко: Со сето срце да навиваме за Македонија!

547

Мартин Велковски тргна кон Букурешт, од трибините ќе бодри својот брат, Дарко Велковски и целата македонска репрезентација. Членот на ракометната репрзентација добро знае како е да се биде дел од едни вакви натпреварувања, точно знае што ги чека фудбалерите и што значи да се претставува Македонија пред Европа, па и целиот свет.

„Јас сум возбуден за нив, првпат одам од трибините да ги бодрам на едно Европско првенство, кое прво и за нив, верувам дека се подготвени. Утре го чека тежок дуел, , се надевам дека ќе се покажат во вистинско светло и ќе направат еден историски успех.

Како што кажав нема да биде лесно. Македонија е во група со Австрија, Украина и Холандија, кои се добри репрезентации. Но, и ние сме квалитетни, сите играчи созреваат, играат во добри клубови, можат да направат успех“, вели Мартин.

Според македонскиот ракометен репрезентативец најважно е утре против Австрија да одиграат добро и опуштено, да се зголеми нивната самодоверба, да видат дека се зрели за големи натпреварувања.

„На првиот меч е најважно е да почнат опуштено, да не бидат во грч. Ова е важен меч за нив, да видат дека можат на големи натпреварувања. Во последните квалификации низ Лигата на Нации игравме одлично, се надевам дека ќе ја поминеме групата, ќе направат уште еден одличен успех. Заедно да навиваме за Македонија“, порача Мартин за СПОРТМЕДИА пред да полета за Букурешт.  

ПретходноСупер-вест од Букурешт: Нема позитивни на Ковид-19 во нашиот табор!
СледноГеорге Хаџи: Горди сме на Бобан Николов, тој е одличен фудбалер и прекрасно момче!