Нема ново чудо во Келн: Барса моќно, Лазаров и Нант останаа без финале!

377

Кирил Лазаров и Нант за жал не успеаја да се пласираат во финалето, и покрај големата битка, беа совладани од Барселона 31-26 (15-12), утре ќе се борат за бронзата против ПСЖ.  Шпанскиот состав ќе се обиде да дојде до пехарот во ЛШ по пауза од шест години, но ќе треба да го совлада Алборг.

Лазаров мечот го заврши со два гола од три обиди, Де Варгас со 16 интервенции беше најефикасен кај Барселона. Гомез и Мем имаа по пет гола.

Каталонскиот тим ја имаше контролата на мечот во првото полувреме. Поведе со 3-0, на другата страна Нант првиот погодок го постигна во седмата минута. Најголемата позитива која ја имаше Барселона беше од три гола во овој дел, францускиот состав неколку пати успеа да дојде на минус еден. На одморот беше 15-13.

Лазаров и неговите соиграчи добро го отворија вториот дел, изедначија на 17-17. Двата тима влегоа во криза, Барселона седум минути беше без погодок, со три гола ја врати најголемата предност (20-17).

Ова беше и клучниот момент на мечот. Де Вергас беше одличен на голот, не им дозволи на ракометарите на Нант да се вратат. Во 50. минута, каталонскиот гигант влезе со плус четири (23-19). Ентрериос се одлучи за „седум на шест“, но казната брзо стигна, противникот постигна два брзи голови на празна мрежа за 26-20 и сигурно чекорење кон финалето.

ПретходноТимската фотографија на Велс повторно „хаотична“: Зошто вака се фотографираат?
СледноИ Данска се огласи: Ериксен е буден!