ФОТО: Димитар Петковски
Горан Пандев, капитенот на нашата репрезентација во Букурешт ќе има посебна поддршка и тоа од своите најмили. Децата Филипо, Ана и Софија, како сопругата Надица ќе патуваат заедно со останатите со чартерот кој треба да полета за главниот град на Романија.
Секако дека ова и тоа како ќе му значи на нашиот капитен, кој не крие дека секогаш најголемата поддршка доаѓа од неговите најмили.