Спектакл на првата полуфинална пресметка на фајнл-фор завршницата во Лигата на шампионите. Алборг на дело потврди зошто оваа сезона се најде меѓу четирите најдобри екипи во Келн. Најде сила и начин, анулираше негатива од пет гола и на крајот славеше со 33-35 за пласман во финалето. А таму за противник ќе го има подобриот од дуелот меѓу Барселона и Нант.
Во поголем дел од мечот се чинеше дека ПСЖ лесно ќе го завери местото во финалето, во првиот дел имаше позитива од 15-13, најголемото водство во овој дел беше плус четири. Избраниците на Раул Гонзалес продолжија во ист ритам и по одморот, имаа 19-14, 20-15 и 22-17.
Алборг се издигна и со серија од 4-0 поведе со 24-25. Кристенсен за првпат не мачот му донесе водство на Алборг од 29-31 во 27. минута. Не успеа да се врати ПСЖ, Сандел стави точка на мечот за 33-35.
Клаар запиша осум гола и беше најефикасен на теренот, на другата страна Ремили имаше седум погодоци, еден повеќе од Хансен.