Тој ја загуби свеста пред крајот на првото полувреме, веднаш беше јасно дека нешто не е во ред со него. Еден од соиграчите веднаш му пријде, веднаш го повика лекарскиот тим. Целиот свет беше во шок, додека докторите се обидуваа да го вратат во живот.
Данските репрезентативци застанаа пред Ериксен за да камерите не го снимаат додека го реанимираа. Целата ситуација траеше околку десетина минути, а изгледаше како цела вечност. На крајот со носилки беше изнесен од терен и префрлен во болница на испитување. Од данската федерација се огласија дека е во свесна состојба и дека се чувствува добро.
Додека се случуваа страшните сцени, најголем јунак беше капитенот Симон Кјаер, кој веднаш реагираше. Истрча кај Ериксен, постапи правилно, го извади од уста јазикот, а потоа го наместо во правилна положба. Лекарите немаа време за да стигнат и да го направат ова.
По ова, девојката на Ериксен истрча на терен, а капитенот на Данска и пријде, и даде поддршка додека лекарскиот тим се бореше за животот на нејзиниот сакан.