Супер-вест од Букурешт: Нема позитивни на Ковид-19 во нашиот табор!

280

Македонската фудбалска репрезентација утре го првиот историски меч на ЕУРО 2020. Селекторот, Игор Ангеловски и неговите момци за противник ја имаат селекцијата на Австрија.

Од Букурешт на ден пред ЕП доаѓаат убави вести. Македонската ескпедиција ги доби резултатите од Ковид-19, сите се негативни. Ова е последен тест пред утрешната средба против Австрија.

Покрај дуелот со Австрија, Македонија на 17. ќе игра против Украина, исто во Букурешт, додека четири дена подоцна во Амстердам ќе ги одмери силите со Холандија во последниот меч од групната фаза.

ПретходноНовак по триумфот над Надал: Не можам да опишам како се осеќам!
СледноМартин ќе го бодри својот брат Дарко: Со сето срце да навиваме за Македонија!