Поради обилниот дожд кој врне во Букурешт, официјалниот тренинг на репрезентација на Македонија на Националната Арена кој првично беше закажан за 18:30 часот, ќе се одржи час подоцна.
Истото важи и за во моментов одложениот тренинг на репрезентацијата на Австрија, која требаше да тренира во моментов, но поради ужасните временски услови, ќе тренира час подоцна.
Официјалните лица на УЕФА во моментов објавија дека се надеваат дека дотогаш се ќе биде во ред и дека дополнителни одложувања нема да има.
Да потсетиме утре Македонија го отвора својот настап на ЕУРО со мечот против Австрија во 18:00 часот.