Каде и да се, знаат да направат шоу, да ја “запалат“ атмосферата. Се разбира дека тука мислиме на најверните фанови на нашата репрезентација, на “фалангата“. Така е и вечерва во центарот на Букурешт, одлична атмосфера, се пее, се навива за Македонија. Се е во знакот на Македонија, на фудбалот. Сите се уверени дека утре ќе се радуваат на победа во првиот историски меч на едно големо натпреварување на Македонија.
Ова покажува дека утре од трибините на Националната Арена во Букурешт нашите момци ќе имаат одлична и голема поддршка.