Репрезентацијта на Финска ја забележа првата победа на Европското првенство со победата над Данска со 1:0. Мечот кој беше прекинат поради ситуацијата со Кристијан Ериксен, продолжи после неколку часа. Финска поведе во 60. минута со голот на Похјанпало. Во 74 минута судијата покажа на белата точка за Данска по остар старт на Арајуру во сопствениот шеснаесетник.
Но финскиот голман му го одбрани ударот на Хојберг и не им дозволи на Данците да изедначат. Финска се одбрани до крајот и ги освои бодовите.