Финците им аплаудираа на Данците кои собраа храброст да го доиграат мечот

830

Мечот меѓу Данска и Финска од 1. коло на ЕУРО беше прекинат поради ситуацијата со Кристијан Ериксен. Данскиот репрезентативец се струполи на тревата и лекарите се бореа за неговиот живот. Успеаа да го спасат, Ериксен е однесен во болница на понатамошни испитувања.

Фудбалерите се повлекоа во соблекувалните, судиите чекаа одлука од УЕФА што понатаму. Одлучено е мечот да продолжи во 20:30 часот. Данците излегоа на терен и покрај тоа што беа психолошки потресени од случката. Финците стоеа наредени еден до друг и им аплаудираа на храброста и решителноста да играат.

ПретходноСимон Кјаер е најголемиот јунак, му ја даде најважната помош на Ериксен
СледноАгентот на Ериксен: Добар е, нормално дише и може да зборува