Како што и беше најавено, репрезентацијата на Австрија дури денеска летна за Букурешт.
За разлика од нашата експедиција која веќе 3-4 дена е во главниот град на Романија, нашиот утрешен ривал утринава од Инсбрук полета кон Букурешт.
Доцна попладнево Арнаутовиќ, Алаба и останатите на Националната Арена во Букурешт ќе го одбработат тренингот пред пресметката со Македонија која е закажана за во недела со почеток во 18 часот.