Воска со Цицмиловиќ на клупата ќе игра против Вардар, Силекс, Тетекс…

971

Од денеска тимот на Воска, новиот второлигаш кој следната сезона ќе игра во ВМФЛ – ЗАПАД, има нов тренер. Тоа е познатиот наш стратег Раде Цицмиловиќ, кој во својата кариера има работено во Металург, потоа во неколку наврати ја водеше успешно Беласица, а до пред извесно време седеше на клупата на Тиквеш.

Со ангажманот на Цицмиловиќ, раководството на Воска покажува дека има големи амбиции во лигата во која ќе играат и екипите на Вардар, Силекс, Тетекс, Гостивар и други екипи.

Дознаваме дека Воска има намера и тоа како осетно да се засили и да се бори за висок пласман.

ПретходноБукурешт се тресе: Фалангата води 1:0 со австриските орли! (ВИДЕО)
СледноКадетите на Работнички донесоа титула во „Градски Парк“