Кадетите на Работнички донесоа титула во „Градски Парк“

200

Кадетите на Работнички го добија финалето против Феникс 2010 со 92-85 и го подигнаа пехарот.

До победата „црвено-белите“ дојдоа по голема драма. Откако Феникс 2010 се доближи на само два поени негатива (72:70), кошаркарите на Работнички со серија од (9-0) ја најавија победата, Поведоа со навидум недостижни (81:70). Но противникот не се предаваше до самиот крај.

Сепак, пресуди тројката на Стојанов, која го однесе однесе неговиот тим на недостижни (90:82).

Младиот репрезентативец од редовите на Работнички, Андреј Шошкиќ, бепе прогласен за најкорисне играч на финалниот натпревар.

Претходно, во натпреварот за третото место, кошаркарите на Вардар беа многу подобри од МЗТ Скопје Аеродром. Славеа со убедливи (109:91) и заслужено го освоија третото место на турнирот во М 16 лигата.

ПретходноВоска со Цицмиловиќ на клупата ќе игра против Вардар, Силекс, Тетекс…
СледноБелгија тргна фуриозно, совладана Русија на стартот (видео)