Пандев: Имаме сили за да не завршиме по само три меча

218

Македонскиот национален состав денеска сеуште чека за да го одработи официјалниот тренинг, а во меѓувреме временските услови не влијаат за да биде одржана официјалната прес конференција пред утрешниот наш прв меч на Европскиот шампионат против Австрија од 18:00 часот.

Капитенот Горан Пандев нормално, присутен на овој прес објасни што значи за него овој момент, но и за целата нација.

„Нормално е во ваков момент на сите да ни проработат емоциите. И кај нас фудбалетите, и кај јавноста, и кај народот, воопшто во цела Македонија. Верувајте дека сме подготвени и ќе дадеме се од себе за да за повторно да ја израдуваме јавноста и македонскиот народ“ – вели капитенот Горан Пандев па додава.

„Беше одамна но јас го прифатив предизвикот од селекторот Ангеловски пред шест години кога дојде во Џенова, и се договоривме за репрезентативен кам бек. Ми се чини дека тоа беше клучно за овие успеси. Тоа беше предизвик за мене, но сега имаме нов предизвик, колективен што се вели и верувајте дека сите сме подготвени да го прифатиме. Желбата секако е да не ги завршиме борбите на овој турнир, по групната фаза“ – изјави капитенот на Македонија.

 

ПретходноКрејчикова го освои Ролан Гарос
СледноАнгеловски: Му благодарам на Горан Пандев што ни го оствари сонот