Финска ги освои бодовите, Хојберг промаши пенал за реми (видео)

400

Репрезентацијта на Финска ја забележа првата победа на Европското првенство со победата над Данска со 1:0. Мечот кој беше прекинат поради ситуацијата со Кристијан Ериксен, продолжи после неколку часа. Финска поведе во 60. минута со голот на Похјанпало. Во 74 минута судијата покажа на белата точка за Данска по остар старт на Арајуру во сопствениот шеснаесетник.

Но финскиот голман му го одбрани ударот на Хојберг и не им дозволи на Данците да изедначат. Финска се одбрани до крајот и ги освои бодовите.

Претходно„Фалангата“ прави шоу во центарот на Букурешт! (ВИДЕО)
СледноЛукаку ја „стресе“ Русија и испрати порака: „Крис, те сакам!“