Франко Фода: Ја победивме Македонија веќе, зошто не би ја победиле пак

382

Селекторот на репрезентацијата на Австрија, Франко Фода ја одржа официјалната прес конференција пред утрешниот меч против Македонија, во рамките од првото коло од Европскиот шампионат.

Тој смета дека Македонија и тоа како има што да каже, но дека тој и неговиот тим сериозно се подготвиле и долгорочно анализирале.

„Колку што сакаме да се подготвиме фудбалски, толку мораме да се подготвиме и психички, емоционално. Доколку се победиле на мечот против Македонија, онакако као што сме победиле на првите средби, зошто не би било така и сега“, изјави Фода.

Македонија ќе чека контра напад и ќе се брани

Австрискиот селектор потоа беше запрашан околу формацијата односно начинот на кој што Македонија ќе го одигра овој меч. Како тој смета дека Македонија ќе му се спротивстави.

„Кога играте против дефанзивни екипи мора да бидете многу трпеливи. Видовте што се случи вчера на мечот Италија и Турција. Македонија ќе биде многу комапктна и ќе има стратегија на контра напади. Но, од друга страна пак, на мечот против Шпанија да речеме на гостински терен, сме виделе и сигуација кога Македонија напаѓала на периоди“.

На прес конференцијата исто така се појави и капитенот на репрезентацијата на Австрија, Јулијан Баумгартлингер кој смета дека Македонија како и секој друг противник на неговиот тим може да биде победен.

„Мислам дека сме подготвени за она што следува. И јас и целиот тим. Мислам дека не очекува многу работа, но сметам дека имаме доволно квалитет, и талент да стигнеме далеку на ова ЕУРО“, re;e Баумгартлингер.

 

ПретходноГоран Пандев го предводи најсилниот тим за кого ова ЕУРО е последно (ФОТО)
СледноЕУРО – група Б: Данска – Финска, северно дерби среде Копенхаген!