Фудбалска Европа вчера попладнето беше во шок. Сите гледавме како Кристијан Ериксен се бори за живот, и Данецот успеа во тоа со помош на неговите соиграчи и се разбира докторскиот тим.
Сега Ериксен е во стабилна состојба, најлошото е зад него.
Доцна вечерта и утринава се слушаат гласини дека причината за колабирањето било тоа што Ериксен примил вакцина против Ковид-19.
Сепак ваквата гласина веднаш е демантирана и тоа лично од страна на директорот на неговиот клуб Интер, Бепе Марота.
“Кристијан не беше заразен од коронавирусот, исто така тој никогаш не примил вакцина против Ковид-19“ со ова се демантирани сите луди гласини.