Стерлинг: Знаев дека еден ден ќе дадам гол на „Вембли“ на големо натпреварување

179

Со погодокот на Рахим Стерлинг англискиот национален тим ја совлада Хрватска со 1:0 и со тоа победнички тргна на ЕП. Играчот на Сити, кој израснал во близина на овој култен стадион, погоди во 57. минута.

Чувството е фантастично.  Тоа е прв меч и ни требаше победа. Бевме обединети. На моменти игравме многу добро. Мислам дека момците беа брилијантни. Уште како дете знаев дека еден ден ќе дадам гол на „Вембли“ на едно големо натпреварување. Успеав. Од различни причини не реализирав за клуб, но ете, тоа го направив со Англија“, изјави Стерлинг.

ПретходноСпортмедиа анализа – Мирсад Јонуз: На 1:1 требаше да се „затвори“ натпреварот!
СледноЕмотивна разделба во Келн на Пасквал со Раул Ентрериос (ВИДЕО)