Ангеловски: Клучен момент за поразот е вториот гол на Австрија

1189

Селекторот на Македонија, Игор Ангеловски по мечот со Австрија кој вечерва го загубивме со 3:1, рече дека е во глобала задоволен од она што нашата репрезентација го одигра на овој меч, и дека нормално кога ќе се загуби меч некаде имало грешка.

„Нормално по пораз да има доза на разочарување, имаше сегменти во играта со кои можеме да бидеме задоволни но кога е загубите јасно е дека некаде сте погрешиле. Се вртиме сега кон новиот меч и она што следува на овој турнир. Следува добра подготовка за она што следува и да не ги поовториме грешките“, рече Ангеловски па додаде>

„Секако дека сум горд на моите избраници затоа што тоа се играчи кои избориле пласман на Еворпско првенство, Клучен беше голот на Грегорич, вториот за Австрија по кој не се опоравивме“.

Измените требаше да донесат поубоит напад Елмас – Пандев

Селекторот Ангеловски потоа на прашање објасни зошто во клучните моменти на негатива се одлучи на измените кои ги направи.

„Целта со измените беше да му се даде шанса на Елмас заедно со Пандев во нападот. Игравме против репрезентација која доста трча и игра дуел игра. Жал ми е за шансата на Николов, која што заедно со голот на Грегорич се клучни моменти на овој меч“.

Навивачите беа фантастични, им благодарам за се

„Благодарност голема до навивачите кои направија шрекрасна атмосфреа, и жал ми е што не им возвративме со поволен резултат.

Кажав и пред мечот дека  ми е исклучително драго што токму Пандев е тој што го води овпој тим на Европско првенство, а уште посреќен сум што ете токму тој го постигна првиот наш гол на ЕУРО“, заврши Ангеловски.

ПретходноЕлмас: Ова за нас беше добра лекција, се надевам на подобри резултати во следните два меча
СледноМуслиу: Имаме шанси да ја поминеме групата