Англија-Хрватска: Судбината секогаш ги спојува на големите натпреварувања

207

Денеска на програмата на ЕУРО 2020 во фокусот е мечот меѓу Македонија и Австрија (18 ч.). А освен овој натпревар се играат уште два. Од 15:00 часот на „Вембли“ во Лондон ќе се сретнат добро познатите ривали Хрватска и Англија, а во Амстердам (21 ч.) ќе играат Холандија и Украина.

Англија и Хрватска станаа ривали поради тоа што од 2004 година постојано се елиминираа меѓу себе на големите натпреварувања. Англија ја елиминира Хрватска на ЕП 2004, Хрватите го возвратија ударот во квалификациите за ЕП 2008 и ги спречија Англичаните да учествуваат на тоа натпреварување. Следуваше триумф на Англија во квалификациите за СП 2010 со тоа што ги елиминираа „коцкастите“ од првенството во Јужна Африка.

На СП 2018 кога хрватските фудбалери ја исфрлија Англија во полуфиналето по гол на Манџукиќ во продолженијата. А во ноември, Кејн ја исфрли Хрватска од Лигата на нациите.

Па така некако овие две репрезентации станаа големи ривали и кога играат меѓу себе ништо не е сигурно.

Селекторот Златко Далиќ очекува тешка битка и борбен меч.

„Тие играат дома, плус е прв меч на ЕП, очекувам агресивна и тежок, борбен натпревар. Спремни сме, добро работевме овие седум дена“, изјави Лука Модриќ.

Далиќ за ова ЕП има искусни фудбалери. Ги нема Ракитиќ и Манџукиќ, но затоа тука се Модриќ, Перишиќ, Вида, Ловрен… „Новаци“ во репрезентацијата се играчите на Динамо Загреб Јошко Гвардиол и Лука Иванушец.

Англичаните го имаат најскапиот тим на ова ЕП, но на терен не играат парите туку срцето. Јасно е дека се фаворити на овој меч, но таа улога мора да ја оправдаат.

Интересно, Англија не победила на претходните осум мечеви на отварањето на Европските првенства (пет ремија и три порази). Нивниот рекорд на „Вембли“ е 183 победи, 72 ремија и 39 порази односно добија девет од последните 10 натпревари на тој стадион.

За Хрватска ова е шесто ЕП, пропушти само едно до сега. Да кажеме и дека Хрватите немаат пораз на отварањата на евро-шампионатите (четири победи и едно реми).

 

ПретходноЧаневски на мрежата на Бутел Скопје
СледноКире против Раул во француската пресметка за бронзата во Келн