Еден од најдобрите наши играчи Енис Барди го даде своето видување за натпреварот. Пред почетокот на ЕП закачи коронавирус, успеа да го победи и да се најде на теренот во Букурешт и одигра одлично.
„Добар меч за нас, нормално дека е многу тешко, во некои моменти бевме подобри, а тие своите шанси ги искористија подобро од нас. Екипата даде се од себе и одигра со срце. Сега да се одмориме добро, да ги анализираме слабите точки и да мислиме на Украина. На тој натпревар дадеме многу повеќе отколку мечот со Австрија, а мислам дека малку ни недостасува да бидеме поопасни. Им благодарам на сите навивачи што дојдоа да не бодрат. Тие се дванаесетти играч за нас“, изјави Барди.