🔴 ВО ЖИВО, ЕУРО 2020: АВСТРИЈА – МАКЕДОНИЈА 3:1 (КРАЈ)

1211

КРАЈ НА НАТПРЕВАРОТ

3:1 89′ – Арнаутовиќ става печат. Од изведен аут од левата страна на Австрија, топка до Лајмер кој проигра со Арнаутовиќ, а овој излезе сам, го мина и Димитриевски и погоди во мрежата

 

86′ – Селекторот Ангеловски тргнува во офанзива. Милан Ристовски влегува, излезе Муслиу

82′ – Тричовски влегува на местото на Барди

2:1 78′ – Алаба се уфрли во нападот и падна гол. Алаба центрираше од левата страна до Грегорич на пет метри, излезе Димитриевски но не стигна, и Грегорич погодува во мрежата

 

76′ – Македонија од една контра се закани, но Елмас беше изблокиран откако доби топка од Алиоски. Австрија, пак, трпеливо ја чека шансата, но нема уште многу време. Центаршутевите се нивното сега главно оружје

64′БРАВО ДИМИТРИЕВСКИ! Одлична одбрана по ударот на Грегорич со глава

63′ – Бејтулаи е на терен, на местото на Николов

63′ – Излегува Трајковски, влегува Костадинов

63′АУУУУ КАКВА ШАНСА! Барди одлично до Николов кој од десно се проби и шутна, но одбрани Бахман, одбиената топка дојде до Пандев кој шутира непрецизно

59′ – Офанзива на Австрија, но неколку добри интервенции на Столе Димитриевски кој притоа се пожали на повреда, но се е во ред, па го продолжува мечот

52′ – Жолт картон за Езџјан Алиоски

47′ – Горан Пандев е вториот најстар стрелец на европските првенства. Тој денеска погоди со 37 години и 321 ден, а прв е Вастиќ (Австрија) со 38 години и 257 дена

46′ – ПОЧЕТОК НА ВТОРОТО ПОЛУВРЕМЕ

КРАЈ НА ПРВИОТ ДЕЛ

45′ – Велковски во последен миг интервернира пред Калајџиќ да дојде до таа опасна топка

42′ – Трајковски жолт картон

37′ – По долга акција Стефан Ристовски шутира од 25-30 метри, но непрецизно, топката оди над голот

1:1 28′ ГООООООЛ! ГОРАН ПАНДЕВ ЗА ИСТОРИЈА! Грешка во одбраната на Австрија, катастрофална. Топка до голманот Бахман, Трајковски го следеше до крај, па голманот ја испушти, и Пандев погоди во празната мрежа

 

22′ – Лошо! Калајџиќ осамен во нападот, и во супер шанса, но за среќа лошо шутира, и Димитриевски одбрани. Се загубивме по примениот гол

1:0 18′ – Австрија води! Забицер нафрла од левата страна, долга топка до Лајнер кој бега на одбраната и со волеј погодува во мрежата на Димитриевски

17′ – Први искри на теренот, во жесток вербален дуел Ристовски и Забицер, судијата Екберг ја смирува ситуацијата

15′ – Австријците сега воспоставија рамнотежа, па сега се игра на половината на Македонија, но нашите играчи засега се дисциплинирани, Австријците се добро покриени

10′Алаба, сепак, игра како стопер, а не како лево крило и не онака како што е најавено на УЕФА. Забицер, пак, игра како последен играч за врска, а не во нападот. Навистина малку „конфузно“ од Австрија, дали сакаше Фода да „сокрие“ нешто?

8′ – На почетокот се игра на половината на Австрија, но и натаму без некоја конкретна закана

1′ – ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРОТ! СО СРЕЌА МОМЦИ!

17:55 – Моќна изведба на химната од фудбалерите и навивачите. Морници!

17:42 – Австриските медиуми пишуваат дека Форан нема да го игра Алаба на најавената позиција како лево крило, туку како трет стопер на левата страна со Хинтерегер и со Драговиќ. Но, останува да се види како тоа ќе функционира на терен

17:35 – АДЕМИ ЗА МРТ: Се исплатеше што заиграв за Македонија, горд сум!
Аријан Адеми во изјата за македонската телевизија, даде изјава во која ги искажа своите очекувања, а одговори и на прашањето дали се исплатеше тоа што Хрватска ја замени со Македонија.

„Веруваме во победа, како и на секој меч, така и на овој. Верувам во добар резултат. Се исплатеше тоа што ја одбрав Македонија, горд сум што сум дел од оваа репрезентација. Денеска ќе биде тешко, Австрија е тешка репрезентација, но сигурен сум дека можеме. Секој мал детал може да одлучи“, рече Адеми.

17:25 – Анализирајќи го составот на Австрија, може да се забележи дека нивна најслаба алка е одбраната, особено Драговиќ кој нее во форма. Но, средниот ред им е најсилен, и таа лева страна на која ќе дејствува Алаба, но тој ќе има офанзивни задачи според поставеноста. Можеби најголемо изненадување, а и во австриските медиуми пишува, голманот. Тој е дебитант на официјален натпревар. Исто така треба да се внимава и на Забицер кој знае од еден потег да биде опасен, а робусниот Калајџиќ во нападот е „жеден“ за голови.

17:07 – Австрија игра трет пат на едно Европско првенство, но и натаму нема победа. Тие имаат биланс од две нерешени и четири порази

17:00 – Легендарниот Зоран Бошковски – Чоко, стрелецот на првиот гол на Македонија е во Букурешт. Повеќе ТУКА.

16:45 – Составите на двете селекции:

16:35 – Официјалниот состав на Македонија за дуелот со Австрија:

16:10 – Елиф Елмас е нашиот „дијамант“ и еден од најсилните адути за добар резултат против Австрија. Повеќе ТУКА

16:08 – Нашите репрезентативци се на пад кон стадионот во Букурешт. Полека почнуваат да доаѓаат гледачи на трибините на Националната Арена

16:00 – Ова е веројатниот состав на Македонија во дуелот со Австрија:

Против Австрија со Пандев и Алекс во нападот… Елмас, Барди, Адеми во средниот ред!

16:00 – Македонска „окупација“ на Букурешт, онаму каде во историјата се случи поделба на Македонија, а денеска се случи обединување

БУКУРЕШТ! Тука не поделивте, тука се обединивме (ФОТО+ВИДЕО)

16:00 – За судијата на овој натпревар и традицијата кога ни суди Екберг

Шведска арбитража: Со Екберг како судија Македонија нема пораз!

 

16:00 – Играјте со срце за Македонија

Да се загрееме: Црвено – жолти јунаци, наши храбри “рисови“, за целата наша нација…(ВИДЕО)

16:00 – Добар ден од Букурешт. Голем ден за Македонија, дебитираме на Европско првенство и сакаме победа. Играме против Австрија, и посакуваме и очекуваме три бода. Цела Македонија е со вас! Ајде МОМЦИ!

ПретходноРоманија ќе навива за Македонија и поради Георге Хаџи, Симона Халеп, Џиџи Бекали….
СледноВембли во знакот на Кристијан Ериксен