Најголемиот, најдобриот Горан Пандев е стрелец на првиот гол на Македонија на Европските првенства. Во 28. минута „Гранде“ ја искористи грешката на одбраната и погоди во мрежата.
Пандев со тоа израмни на 1:1, а сега можеме да одиме и кон трите бода. Австрија поведе преку Лајнер.
ФОТО: ЕУРО 2020 официјален Твитер профил