Данската федерација излезе со кратки информации за Ериксен

543

Данската фудбалска федерација излезе со ново соопштение за Кристијан Ериксен. Репрезентативецот на оваа земја е во стабилна состојба, но и натаму се вршат сите можни испитувања за да се открие причината поради која вчера се урна на теренот.

Од федерацијата истакнаа дека зборувале со својот член, тој ги поздравил своите соиграчи. Данците им се заблагодарија на сите за големата поддршка која стигна на нивната адреса и адресата на Ериксен.

Засега нема други информации, се чекаат резултатите од сите прегледи, па дури потоа ќе има официјално соопштение.

ПретходноШведска арбитража: Со Екберг како судија Македонија нема пораз!
СледноЅвездата на Сити позитивна на КОВИД-19, Португалците принудени да направат измена