Да уживаме, да навиваме – да се обединиме! Дени Масев е спортскиот директор на нашата фудбалска репрезентација која денеска е во центарот на вниманието, во срцата на сите Македонци. Дојде денот за настап, за слава и за настап на нашите херои на едно големо натпреварување. Зад нас има многу години, неуспешни квалификации, тест средби по кои имавме повеќе порази од радости. Но ете коцките се склопени, ние сме тука на ЕП каде се и најдобрите од Европа.
„Пласманот на ЕП е круна на кариерите на сите наши фудбалери, стручен штаб и сите нас од ФФМ. Јас сум горд и среќен што сум дел од оваа приказна која е историска за нашата Македонија. Од Букурепшт можам да им порачам на сите наши наивачи. Момците се подготвени за нови радости. Знам и уверен сум во тоа дека сите тие ќе изгинат на теренот и со срце ќе се борат за боите на Македонија“, коментира Дени Масев кој на оваа фунција е 4-5 години, кога и почна приказната за ЕП и големиот сон на Македонија.
За неколку часа почнува дуелот со Австрија. Македонија дебитира на ЕП. Дени Масев со последен од рапорт од хотелот „Мериот“ пред дуелот за кој ќе бијат мниогу наши срца.
„Минавме добар подготвителен периот. Сите се одлично, сите се добро иако лошо почнавме со позитивниот тест на Барди. Но и тој е со нас, и тој е еден голем лав кој е подготвен да помогне, да се појави во тимот и покрај тоа што мина 10 дена во карантин. Фала му на бога што сите се здрави, нема повреди и други проблеми. Одиме да и се радуваме на историјата која ја напишавме во Грузија ја потврдивме со победата во Германија, а еве денеска треба и цел свет да ја види силата на Македонија. Македонија уживај и радувај се на своите фудбалски херои. Ова е момент кога знам деа сеите ќе се обединиме за „црвено-жолтите„ бои. Фудбалот треба да биде пример за сите во државата дека сите заедно можеме да сонуваме големи сонови. Одиме!!!“, порача Масев.