Докторот на Данска: Ериксен остана без пулс, не дишеше, го вративме со масажа на срцето

1072

Драматичната сцена од Копенхаген никој нема да ја заборави. Кристијан Ериксен се урна на теренот, но на голема среќа ја доби најголемата битка во неговиот живот. Лекарскиот тим после 15. минути борба успеа да го врати во живот.

Војавноста се огласи докторот на данската репрезентација, Мортен Боесен, кој откри дека Ериксен во еден момент останал без пулс и не дишел. Секунди одлучувале за неговиот живот.

На голема среќа, фудбалерот на Данска сега е во стабилна состојба и тоа е најважно.

„Прво да кажам дека немам разговарано со Кристијан, ниту со неговото семејство, па ќе зборам за она што го видовме. Не викнаа на терен кога Ериксон се урна. Лежеше на страна, имаше пулс и дишеше.

Ситуацијата брзо се смени, престана да дише, го изгуби пулсот. Веднаш поцнавме со масажа на срцето, на помош дојде и докторот од стадионот, успеавме да го вратиме“.

Данскиот лекар вели дека на кратко го слушнал гласот на фудбалерот.

„Кристијан кратко ми се обрати кога го носеа во болница“.

По кратко време, излезе информација дека Ериксен разговарал со фудбалерите, им порачал да го одиграат мечот.

ПретходноНека биде со победа: Пандев по 120-ти пат ќе игра за Македонија!
СледноМачката Кес типува на победа на Македонија! (ВИДЕО)