Чави Пасквал со титулата се збогува со својата Барселона. После 12 години на клупата на каталонскиот гигант одлучи дека е време за разделба, на шпанскиот стратег му е потребен нов предизвик, истиот го најде во Динамо Букурешт.
По завршување на финалето на Ф4 во центарот на вниманието се најде Пасквал и Раул Ентрериос, кои емотивно се збогуваа. И за Раул ова беше последен меч во дресот на Барселона. Токму со титула во ЛШ ја завршува својата играчка кариера.
View this post on Instagram