Клиперси ја декласираа Јута и намалија во серијата (ВИДЕО)

139

Кошаркарите на ЛА Клиперс ја совладаа Јута со 132-106 и намалија на 2-1 во полуфиналната серија во Западната конференција.

Од самиот почеток домаќините имаа предност, делуваа делуваа подобро на теренот, па беше јасно дека Јута тешко ќе го добие овој дуел. Клиперси по првата четвртина имаа 27-23, додека на полувремето позитивата беше 64-49.

Најефикасен во победничкиот табор беше Кавај Леонард со 34 поени, 12 скока и пет асистенции, зад него беше Пол Џорџ со 31 поен, пет асистенции и три скока. Кај Јута Митчел имаше 30 поени.

ПретходноДобро утро Македонијо: Ова е денот кој долго го чекавме, повеќе од 28 години!
СледноМакедонија ќе го руши „фудбалското проклетство“ во Букурешт!