Лазаров и Нант поразени од ПСЖ во мечот за бронзата

107

Битката за третото место на фајнл-фор завршницата во Келн му припадна на ПСЖ кој славеше против Нант на Кирил Лазаров со 28-31. Нант имаше шанса за триумф, но во клучните моменти не искористи три шанси за целосен пресврт.

Лазаров и неговите соиграчи подобро влегоа во овој меч, поведоа со 2-0, не искористија два напади за плус три, контролата на резултатот ја имаа до 11. минута. ПСЖ со серија од 3-0 за првпат на мечот поведе со 7-8, а по првото полувреме благодарение на нова серија замина со плус четири (13-17).

Избраниците на Раул Гонзалес не продолжија со доминацијата, Нант ја подобри одбраната, беше на гол разлика од средината на вториот дел. Три минути подоцна, Лазаров упати вистински проектил со брзина од 101 км на час. Со првиот погодок израмни на 24-24, Нант не искористи две шанси за враќање на водството.

ПСЖ одново отиде на плус четири (25-29) и го задржа водството.

Лазаров мечот го заврши со еден гол од три обиди.

ПретходноОколу 4.000 Македонци ќе навиваат за хероите на Арената во Букурешт!
СледноСтерлинг „скоцка“ победа на Англија (ВИДЕО)