Нека биде со победа: Пандев по 120-ти пат ќе игра за Македонија!

266

Не е тајна дека Горан Пандев, нашиот капитен, нашиот најдобар фудбалер во историјата е најголемиот наш адут попладнево на дуелот со Австрија.

Веќе 20 години е во репрезентацијата, а против Австрија, на првииот историски меч за Македонија на едно големо натпреварување, струмичанецот по 120-ти пат ќе игра за својата репрезентација. Па нека биде со победа, нека биде со голови. Засега Гранде успеал да постигне 37 голови за Македонија.Од останатите наши момци, Алиоски ќе го има 45-тиот настап, Николов и Барди пак 35-тиот, додека Тричковски 65-тиот за Македонија.

Кога сме кај селекторот Игор Ангеловски, тој на мечот со Австрија по 51-ви пат ќе ја предводи репрезентацијата. Сите ја сакаме 24 победа под негово водство, досега има 11 ремија и 16 порази.

ПретходноДемантирани гласините дека Ериксен колабирал поради примена вакцина!
СледноДокторот на Данска: Ериксен остана без пулс, не дишеше, го вративме со масажа на срцето