Загреана е веќе атмосферата во пресрет на мечот со Австрија. Букурешт е “македонски“ град. Се пее, се играат ора, забавата трае веќе два дена.
Инаку на трибините на Националната Арена во Букурешт, за време на мечот со Австрија, нашите херои ќе ги бодрат блиску 4.000 Македонци.
Познато е дека преку ФФМ имаше 2.000 билети, а за останатите, нашите фанови се снашле.
„Очекуваме бројка од 3.500 до 4.000 наши фанови да бидат на трибините и да ја бодрат нашата репрезентација на првиот меч од ЕУРО 2020. Преку Фудбалската федерација на Македонија има 2.000 фанови со оглед на тоа дека имавме и толку влезници. Се останато, мислам на билетите, нашите навивачи успеле да се снајдат и да дојдат до влезница. Очекувам прекрасна атмосфера на трибините и поддршка за нашата репрезентација на овој историски натпревар“ ни изјави портпаролот на ФФМ, Златко Андоновски.